Дома Македонски спорт „AС“ oткрива детали: Барди потпишува нов договор со рекордна клазула

„AС“ oткрива детали: Барди потпишува нов договор со рекордна клазула

Шпанските медиуми, поточно „АС“ ги објави деталите за новиот договор со Леванте на македонскиот репрезентативец, Енис Барди.

Македонскиот репрезентативец, кој откако дојде во Шпанија воодушевува со своите фудбалски квалитети, посебно со мајсторство во изведување на слободните удари, во Леванте пристигна од Ујпест за сума од 1.5 милиони евра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Барди минатата сезона беше стрелец на девет погодоци, а пет од нив беа постигнати од слободен удар, оваа сезона успеа да биде стрелец на еден погодок кој беше ремек-дело од слободен удар.

Како што споменавме „АС“ ги објави деталите на договорот кој се очекува фудбалерот да го потпише по враќањето во Леванте, после натпреварот против Ерменија.

Барди со новиот договор би се обврзал со верност кон Леванте до 2022 година, а покрај тоа ќе биде вметната и откупна клазула која е највисока за еден македонски фудбалер – 50 милиони евра.

Ќе потсетиме, во договорот кој го потпиша пред една година, Барди има откупна клазула од 25 милиони евра. Информации за неговата плата во новиот договор засега не се откриваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…