Во следните денови се играат последните натпревари од квалификациите за Европското првенство во кои Македонија ќе игра два натпревари против Италија и Англија. Прво играме утре против Италија во Рим, а три дена подоцна ја пречекуваме Англија во Скопје.
Англија е првопласирана и во Скопје пристигнува со веќе обезбеден пласман на Европското првенство, меѓутоа не е дека Англичаните нема да играат за „ништо“ во Скопје.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Англија ќе сака победа за обезбедување на првото место што би и донело подобра позиција во ждребот за групите.
Пред последните два натпревари во квалификациите, Англија треба да слави против Македонија и Малта за да бидат подобри од Португалија, Словенија, Данска, Франција и Белгија, селекции кои во овој момент имаат повеќе бодови.
Англичаните сакаат да бидат помеѓу најдобрите пет селекции за да добијат место во првиот шешир на ждребот. Во нашата група Англија има 16 бодови, Украина 13, Италија 10, Македонија седум и Малта е без бодови.