Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски во изјава за италијанското радио „Кис Кис“ зборуваше за последниот настап на Елмас за Наполи.
Елмас во игра влезе во 22. минута на местото на Инсиње и одигра навистина добар меч за тоа зборува и статистиката од натпреварот (повеќе за неговата статистика тука), а во второто полувреме успеа да постигне гол.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ангеловски истакна дека Елмас е среќен што Гатузо ja променил тактиката.
„После натпреварот против Џенова разговарав со Елиф и му честитав за одличниот настап. Кога ќе победите 6:0 значи целиот тим играл добро, но јас сум многу задоволен од она што го видов од Елмас кој како и Наполи е се подобар и подобар“.
„Елмас е среќен што Гатузо почна да игра со формација 4-2-3-1. Во оваа формација Елиф може да покрие повеќе позиции во средниот ред. Според мене со таков систем Елмас може да постигне повеќе голови, тоа би било добро и за него и за Наполи. Најважно е што Гатузо верува во него“, изјави Ангеловски за италијанското радио.