Дома Фудбал Лига на шампиони Aнализа: Манчестер Сити и Челзи во Порто ќе бијат битка за најдрагоцениот трофеј

Aнализа: Манчестер Сити и Челзи во Порто ќе бијат битка за најдрагоцениот трофеј

Сината е бојата за овогодинешното финале во Лигата на шампионите, бидејќи Манчестер Сити и Челзи ќе бијат битка во португалски Порто, обидувајќи се да ја завршат чудната сезона за нив во Лигата на Шампионите.

Избраниците на Пеп Гвардиола се пласираа во финалето откако го исфрлија ПСЖ во полуфиналето, додека Челзи на Томас Тухел го елиминираше Реал Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На стадионот „Естадио до Драгао“  ќе биде дозволено присуство на 16.500 навивачи, па од таа гледна точка ниту еден тим нема да има предност. Сити се обидува да го освои турнирот за прв пат, додека нивните противници имаат за цел да ја повторат 2012 година кога беа на врвот на Европа.

Пеп под притисок да донесе европски трофеј во Манчестер

Барселона, Баварија, Манчестер – Пеп Гвардиола ги освои сите нив. Сепак, на европската сцена, каталонскиот тренер е под голем притисок. Сезонава ја освои на доминантен начин Премиер Лигата, но само со трофеј во Лигата на Шампиони ќе ги оправда милионските вложувања на сопствениците на Сити.

Доминацијата на Сити е неспоредлива, нивната петта титула во Премиер лигата беше завршена пред неколку месеци и откако претходно четири пати се обиде и не успеа да го пробие проклетството во четвртфиналето, Гвардиола конечно ќе го предводи својот тим во финалето во Лигата на шампионите.

Борусија Менхенгладбах, Борусија Дортмунд и ПСЖ стануваат жртви на супериорноста на Сити во нокаут рундата. Имаат инспиративната континентална серија, бидејќи тие имаат обезбедено победи на 11 од нивните 12 натпревари во Лигата на Шампиони оваа година, вклучително и секој од нивните последни седум меча.

Името на Гвардиола веќе е вметнато во менаџерскиот фолклор, но откако ја водеше Барселона до триумфи во Лигата на шампионите во 2009 и 2011 година, тој може да се приклучи на елитата во која се Боб Пејсли, Карло Анчелоти и Зинедин Зидан со трет медал во ова натпреварување.

Менаџерот на Сити е роден само девет месеци откако Манчестер Сити последен пат освоија европски трофеј во Купот на победниците на куповите во далечната 1970 година.

Второ финале по ред за Тухел

Томас Тухел пак е човек кој знае многу за европската болка, бидејќи се приближи толку блиску со ПСЖ минатата година, но не успеа да слави во финалето.

Сепак, додека клубот што го отпушти беше елиминиран од Манчестер Сити, Тухел сега против истиот тим може да дојде до трофеј. Тој се фокусираше на задачата која ја имаше пред повеќегодишниот шампион Реал Мадрид, чиј напаѓач Карим Бензема спаси нерешено 1:1 на првиот натпревар по отворањето на резултатот преку Кристијан Пулишиќ.

Дури и во отсуство на страствената публика на „Стемфорд Бриџ“, Челзи одигра неверојатно и славеше со 2:0 над Реал Мадрид со головите на Тимо Вернер и Мејсон Маунт.

Може да се тврди дека Тухел се уште се привикнува на англискиот фудбал по само шест месеци во новата улога – но тоа ја прави трката на Челси во финалето во Лигата на шампионите уште поимпресивна.

Три порази од четири натпревари пред едно континентално финале не е баш рецепт за успех, но за среќа на Тухел, доцниот пораз на Лестер од Тотенхем значи дека „сините“ го обезбедија четвртото место и патот кон Лигата на Шампиони и следната сезона.

Посветеноста на Тухел кон цврста одбрана беше заслужна што Челзи прими само четири гола на нивните 12 натпревари во Лигата на шампионите досега – иако Френк Лампард може да земе некои заслуги за тоа.

Пеп може да смета на целиот состав, но повторно ќе стартува без деветка

Шефот на Сити, Гвардиола, уште еднаш ќе има незавидна задача да избере од комплетно подготвен состав за финалето во сабота, бидејќи Илкај Гундоган се опорави по малите проблеми.

Според тоа, Гундоган треба да стартува во средната линија заедно со Бернардо Силва – кој има за цел да ја продолжи својата серија без пораз во Лигата на шампионите од 27 натпревари – додека добриот меч на Фернандињо против ПСЖ може да му донесе старт пред Родри.

Жоао Канцело го немаше никаде против Евертон и веројатно Пеп ќе стартува со Олександр Зинченко на левата страна и со Кајл Вокер десно.

Политиката на Гвардиола да го изоставува бројот девет во Лигата на шампионите продолжува да прави чуда, а шефот на Сити потврди дека нема да има простор за сентимент, па Серхио Агуеро веројатно ќе почне од клупата.

Агуеро на клупата би му дозволил на Кевин Де Брујн да функционира како лажна деветка со Фоден и Махрез покрај него.

Тухел со 3-4-3 и со германски напад

Шефот на Челзи, Тухел има неколку грижи пред финалето, бидејќи првиот голман Едуард Менди мораше да биде заменет на полувремето против Астон Вила откако се судри со стативата.

Тухел е оптимист дека Менди ќе може да ги става ракавиците овој викенд, а и Н’Голо Канте исто така се очекува да биде стартер и покрај проблемите со бутот.

На Цезар Аспиликуета му беше поништен црвениот картон во Вила Парк, иако тоа немаше да влијае на неговото учество во финалето, а шпанецот треба да го заземе заслуженото место во задните три заедно со Тиаго Силва и Антонио Рудигер.

Матео Ковачиќ ќе стартува пред Жоргињо откако тој имаше мала улога во претходните успеси на Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Кривел и Џејмс ќе имаат задача д аги покриваат крилните позиции.

Маунт е недопирлив во офанзивната тројка, а Тухел веројатно ќе стартува и со Тимо Вернер и Каи Хаверц покрај него во офанзивниот дел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Карагер за изјавата на Салах: Разочаран сум од Мо, тој е себичен

Навивачите на Ливерпул беа загрижени поради изјавата на Мохамед Салах, кој рече дека во ов…