По тешкиот натпревар против Нексе Вардар денес отпатува за Хрватска каде што на фајнл-форот ќе ја брани титулата освоена минатата година.
Вардар имаше среќа и го издржа Нексе во Скопје, иако изгуби се пласираше помеѓу најдобрите четири. Тренерот Стевче Алушовски е свесен за лошото издание и призна дека среќно се пласирале на Ф4. За него тоа е и опомена дека Вардар со никого не може да се става во улогата на фаворит.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во поразот од Нексе кој за нас беше како победа Господ не погледна и сакаше да бидеме на Ф4 по деветти пат. По тој натпревар направивме добра анализа. Тој меч за нас беше една опомена дека Вардар е Вардар, но играчкиот кадар е нов затоа предвреме не може со никого да се прогласиме за фавороти. Имаме девет нови играчи кои допрва треба да се вклопат во препознатливиот стил на Вардар во изминатите години“.
„Ќе напоменам дека од ден во ден со она што го гледам на тренинзите и натпреварите екипата оди во нагорна линија и се надевам дека ако ништо повеќе овој Ф4 ќе биде добра најава за она што не очекува на 16-ти септември, првиот натпревар од ЛШ против Мешков“, изјави Алушовски пред натпреварот.
Турнирот во Задар Вардар ќе го започне против Загреб во петок во 20:30 часот.