Eзгјан Алиоски подолго време се поврзува со трансфер во турскиот гигант Галатасарај.
Договорот на Алиоски со Лидс завршува на крајот од сезоната и засега не е јасно дали истиот ќе биде продолжен. Првите најави дека Галатасарај го сака Алиоски се појавија уште во јануари.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сега турските медиуми објавија дека Галатасарај веќе стапила во контакт со менаџерот на Џани, а според информациите преговорите одат во добра насока.
Значи како што сега стојат работите, ако веруваме на турските медиуми Алиоски е пред трансфер во Галата и само некој пресврт и започнување преговори со Лидс би можел да донесе промени, засега тоа не се случува.