Во текот на вчерашниот ден во медиумите се појави шокатна исповед на Ерик Абидал за неговите најтешки денови во кариерата.
Само еден ден откако гласно одекна изјавата за која Абидал тврди дека е погрешно пренесена тој на својот Твитер профил излезе со демант.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Да објаснам: Кога на соиграчите од Барселона им ја испратив пораката за поддршка Лео воопшто не ми кажа да им испраќам такви работи. Ми кажа дека тие не сакаат да ме гледаат таков, а во ниту еден момент не ми кажа ништо лошо“, објави Абидал на својот Твитер профил и го означи шпанскиот новинар Хозе Педрерол и неговото шоу „Ел Чиригуито ТВ“ кои веројатно се виновни за испревртувањето на она што тој го кажал.
Aclaración:Cuando envié el vídeo para animar al equipo leo messi nunca me dijo que no les enviara más cosas así ni que no quisiera saber nada. Leo me dijo que no les gustaba verme así, pero en ningún momento ha tenido malas palabras para mi. ????@elchiringuitotv @jpedrerol
— Eric Abidal (@EAbidalOfficial) January 11, 2018