Дома Фудбал Останато Aнчелоти: Премиер лигата е подобра од Серија А, во Англија се најдобрите играчи и тренери

Aнчелоти: Премиер лигата е подобра од Серија А, во Англија се најдобрите играчи и тренери

Еден од најпознатите стратези во светот, Карло Анчелоти зборуваше за актуелната ситуација во Серија А и Премиер лигата.

Искусниот Италијанец во својата каирера водеше екипи во најсилните лиги во Европа, а според него во овој момент Премиер лигата е поквалитетна од Серија А.

„Премиер лигата во овој момент е поквалитетна од Серија А. Во Англија клубовите се супериорни во однос на оние од Серија А. Најдобрите играчи и тренери денес се во Премиер лигата, квалитетот е она што ја прави разликата, но квалитетот чини многу. Манчестер Сити си дозволи да ги донесе Рубен Дијаз, Феран Торес, Аке…Челзи потроши 200 милиони вера на Вернер, Хаверц, Зијеш…додека на пример Барселона и Реал Мадрид воопшто не донесоа играчи“, изјави Анчелоти.

Во овој момент Анчелоти е на чело на Евертон со кој има солидна сезона и се бори за излез на европска сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Панче Ќумбев со анализа и предлози за последните дуели од Група А

Група А: Италија – Велс ( време: 18:00 ч. ) Најдобриот фудбал до сега на шампионатот го пр…