Дома Фудбал Останато Aнализа: Кој ќе се радува на трофејот во Лигата на Европа?

Aнализа: Кој ќе се радува на трофејот во Лигата на Европа?

Стадионот Рамон Санчез Писхуан во Севилја ќе биде домаќин на финалето на Лига Европа во среда навечер, кога мечот Ајнтрахт Франкфурт – Глазгов Ренџерс ќе одлучи кои ќе ја почуствува континенталната слава.

Избраниците на Џовани ван Бронкхорст го елиминираа Лајпциг во нивното полуфинале за да го заслужат своето место на историскиот настан, додека нивните германски колеги го срушија сонот на Вест Хем Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ренџерс тргнува во финалето откако го победија Хартс со 1:3 во нивната битка во шкотската Премиерлига викендов, додека во последниот натпревар на Франкфурт во Бундеслигата за оваа сезона тие ремизираа 2:2 со Мајнц.

Спас на сезоната преку трофеј во Европа

Ниту една екипа не успеа да го победи Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа оваа сезона. Ниту Реал Бетис, ниту Вест Хем Јунајтед, па дури ни Барселона не успеаја да се носат со супериорноста на тимот на Оливер Гласнер во ова натпреварување.

Откако им стави крај на надежите на фаворитите за трофејот Барселона, Франкфурт го направи своето патување во англиската престолнина исплатливо со победата од 1:2 во првиот полуфинален натпревар над Вест Хем пред да го комплетира влезот во финалето на Дојче Банк Парк.

Во овој сегашен формат, Франкфурт стигна до полуфиналето во Лига Европа пред да биде елиминиран од победникот Челзи во 2018-19 година, но за време на Купот на УЕФА, Ди Адлер ги славеше над германските колеги Борусија Менхенгладбах во финалето од 1980 година што е нивна единствена континентална круна до денес.

Марширањето до славата на турнирот оваа сезона и запечатувањето место во Лигата на шампионите – сигурно ќе го надополни разочарувањето од 11-тото место во Бундеслигата.

Без пораз сезонава во Лига Европа

Гласнер се одлучи да направи рани замени имајќи го на ум патувањето во Севиља минатиот викенд против Мајнц, но тој меч за нив не беше воопшто важен. Важно беше да се зачуваат силите, да се зачува свежината за тоа што ги чека во Севиља.

Франкфурт успешно помина 12 натпревари во Лига Европа без пораз оваа сезона на патот до нивното трето европско финале. Само две екипи некогаш ја освоиле Лигата на Европа, а останале непоразени во сезоната – Виљареал е една од нив и тоа минатата година – иако Бенфика и Интер претставуваат две екипи кои завршија како второпласирани откако останаа без пораз пред финалето.

Нема да биде претерано изненадување ако кажеме дека Ајнтрахт постигна гол на сите 12 натпревари во Лига Европа, а шпанската трева беше прилично погодна кон германскиот клуб во последните месеци – откако германскиот тим славеше и над Барселона и над Бетис.

Шкотите се најголемо изненадување сезонава

Ајброкс стадионот се тресеше, Џовани Ван Бронкхорст скокаше, Џон Лундстрам беше премногу преплавен со емоции за да се приклучи на славјето. Ренџерс се обиде да ја надмине негативата од 1:0 против Лајпциг во реваншот од полуфиналето во Лига Европа … и тоа го направи во голем стил.

Џејмс Таверние го врати својот тим по само 18 одиграни минути пред прецизниот удар на Глен Камара да донесе водство од 2:0.

Голгетерската машина Кристофер Нкунку врати на 2:1, односно на вкупни 2:2, но на девет минути до крајот, Лундстрам го постигна победничкиот гол.

Тешко дека може да има подобар начин Ренџерс да ја прослави својата 150-годишна историја отколку со втор европски трофеј при нивниот шести обид, со четири од претходните финалиња на Герс на континентот – вклучувајќи го и Купот на УЕФА во сезоната 2007-08.

Ренџерс знае како против германци

Сонот за титула во Шкотска не се оствари за тимот на Ван Бронкхорст, но Хартс ги чека и во финалето на Шкотскиот куп следниот викенд, а нивната генерална проба за тој настан се случи изминатиот викенд кога славеа токму над Хартс со 1:3.

И тоа Ренџерс славеше со еден крајно мешан тим, со многу ,млади фудбалери или фудбалери кои ретко добиваат шанса за настап. Тоа беше четврта победа по ред за тимот.

Ван Бронкхорст беше сведок дека неговата екипа постигна најмалку два гола во сите тие средби – но на другиот крај од теренот постои проблем. Ренџерс има само еден меч без примен гол во последните девет натпревари.

Ренџерс можеби загуби 10 од нивните 14 европски натпревари на шпанска зејма досега, но Лајпциг и Борусија Дортмунд беа декласирани од 55-кратниот шампион на Шкотска во Лига Европа оваа сезона, а Франкфурт би било добро да побара некои совети од нивните колеги од Бундеслигата ако сакаат да избегнат да ја доживеат истата судбина како нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…