Дома Останати Тенис Aлкараз елиминиран во Мајами, Ѓоковиќ повторно е број еден!

Aлкараз елиминиран во Мајами, Ѓоковиќ повторно е број еден!

Карлос Алкараз не успеа да се пласира во финалето на турнирот во Мајами и неговата серија од 10 натпревари без пораз заврши во полуфналето против Јаник Синер.

Синер во возбудлив меч го совлада Шпанецот со 2:1 (6:7, 6:4 и 6:2). Неизвесен беше првиот сет, а Синер прв направи брејк на противничкиот сервис, па Алкараз се врати во игра и во тај-брејк успеа да го добие сетот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Направи Синер прв брејк и во вториот сет, па Алкараз повторно возврати, меѓутоа во деветтиот гем Синер одново направи брејк, па со 6:4 го освои сетот и израмни на 1:1.

Третиот сет донесе доминација на Италијанецот и во него освои два брејка и во меч кој траеше три часа и три минути го елиминираше Алкараз. Оваа елиминација на шпанскиот тенисер значи дека Новак Ѓоковиќ од понеделник се враќа на врвот на АТП листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Експерт открива теорија за повредите на Ѓоковиќ

И додека Новак Ѓоковиќ се соочува со предизвиците што ги носат годините и сè почестите пау…