Јувентус вчера се соочи со елиминација од Лигата на шампионите после поразот од Виљареал, за клубот од Торино ова е трета година во низа во која настапот го завршува во осминафиналето.




Во претходните две години Јувентус беше елиминиран од Лион и Порто. Тренерот на Јувентус, Масмилијано Алегри порача дека ништо не би променил во играта на неговиот тим и покрај поразот од 0:3 кој дојде со три гола во финишот.




ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„Играа со деветмина зад топка, не сакаа да излезат повисоко. Не се обидуваа да не нападнат со контри и желбата им беше мечот да оди во продолженија, на крајот ние излеговме наивни. Не се лутам на никого, само сум разочаран како и сите. Сепак треба да го прифатиме ова“.




„Ако почнеме од почеток сега ништо не би променил. Цели 75 минути игравме добро, но во фудбалот секогаш се можни вакви работи, посебно во Лигата на шампионите“, изјави Алегри.




За Јувентус сега ќе остане борбата во Серија А каде што полека „старата дама“ се враќа во игра за Скудетото.