Дома Македонски спорт Мак фудбал Aкадемија Пандев се засили со поранешен младинец на Гетафе

Aкадемија Пандев се засили со поранешен младинец на Гетафе

Академија Пандев потврди две нови засилувања пред почетокот на сезоната.

Нови играчи на струмичкиот клуб се Бакр Абделаоуи и Андија Секулиќ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Бакр игра на позицијата лево крило и има 24-години. Ја има поминато младинската школа на Гетафе, а во својата сениорска кариера има настапувано за вторите тимови на Легањес и Алкоркон, а во Академија Пандев доаѓа од тимот на Љунгскиле од Шведска.

Секулиќ има 19 години и игра на позицијата  централен дефанзивец. Последен клуб за кој настапувал е тимот на Слога Краљево. И двајцата фудбалери се со тимот од почетокот на припремите и веќе имаат одиграно неколку пријателски натпревари, па стручниот штаб даде зелено светло за нивен ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…