Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија Ѓорче Петров преку пенали до трофејот во Купот на Македонија

Македонија Ѓорче Петров преку пенали до трофејот во Купот на Македонија

Денес се одигра финалето во Купот на Македонија во кое победникот како и минатата година се решаваше после изведувањето на пенали.

Во регуларните 90 минути гледавме тврд натпревар без многу шанси на двете страни, беше забележително дека и двете страни повеќе мислат на сопствениот отколку на противничкиот гол.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со една таква игра се отиде во продолженија, а подоцна кога и таму немаше погодци се пристапи кон пенал рулетот.

Подобри во пеналите беа фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров, „лавовите“ серијата ја решија со победа од 4:3 во своја корист. Со овој триумф не треба да се заборави дека Македонија Ѓорче Петров избори настап во Европа.

Силекс кој го бранеше трофејот освоен минатата сезона ќе мора да се задоволи само со враќањето во првата лига.

Херој беше Стевковски, голманот на Македонија ЃП кој во два наврати успеа да одбрани во пенал серијата. Попзлатанов се посрамоти, сакаше со „паненка“ да даде гол, но тој удар беше очаен. Победникот го реши Емини во одлучувачкиот пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…