Дома Фудбал Останато Гвардиола нема дилеми каде сака да ја заврши кариерата – во Барселона! (видео)

Гвардиола нема дилеми каде сака да ја заврши кариерата – во Барселона! (видео)

Во интервјуто за шпанските медиуми стратегот на Манчестер Сити откри интересни планови за неговата иднина и јасно кажа каде сака да ја заврши кариерата.

Легендарниот играч, а денес и тренер нема дилеми за тоа каде сака да ја заврши кариерата – во Барселона!

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Јас искрено се надевам дека мојата кариера ќе заврши онаму каде што започна. Би сакал последните чекори да ги направам во Барселона“, изјави Пеп.

Сите знаеме колку Пеп е врзан за Барселона и кога не е таму тој се уште зборува за клубот од „Ноу Камп“.

Гвардиола кариерата ја започна во младинските категории на Барселона за во 1990 година да дебитира за првиот тим каде што потоа помина 11 години. За Каталонците настапи на вкупно 382 натпревари, а играше на позицијата последен играч за врска. Потоа следуваше краток период во Италија и Катар, после што одлучи да стане тренер.

Тука Барселона повторно му даде шанса во „Б“ тимот, наредниот чекор беше сенорскиот тим каде што покажа каков мајстор е и во тренерската работа.

Денес има 47 години и според тоа би можел да освои уште многу трофеи, а кога ќе дојде на ред Барслеона, очигледно дека Пеп знае кога ќе биде вистинското време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Teнзија во Астон Вила: Еден од најважните во тимот лут на Емери

Еден од најдобрите англиски напаѓачи, Оли Воткинс, е лут на менаџерот на Астон Вила, Унај …