Трансферот на Луис Фиго од Барселона во Реал Мадрид останува еден од најконтроверзните и најпознати трансфери во историјата на фудбалот.
Легендарниот Португалец сега откри зошто во 2000 година се одлучил на таков чекор, од Барселона да премине кај најлутиот ривал, Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Заминувањето од Барса беше голем притисок за мене. Чувствував дека раководните лица на Барселона не го ценеа она што јас го направив за тимот. Со навивачите немав никаков проблем, но во тоа време сериозно размислував да си заминам. Дојде понудата од Мадрид и решив да ја прифатам. Мотивите за заминувањето во Реал не се само спортски и финансиски. Многу луѓе ја поддржаа мојата одлука, па решив да се преселам во нова средина“, се потсетува Фиго.
Фиго веднаш стана непријател број еден за Барселона, а во белиот дрес имаше голем успех, освојувајќи ја наградата за најдобар светски фудбалер, како и титулата во Лигата на шампионите.