Дома Фудбал Останато ПОТВРДЕНО: Се формира трето натпреварување во Европа!

ПОТВРДЕНО: Се формира трето натпреварување во Европа!

Нема детали, но е потврдено!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели потврди дека од 2021 година ќе постојат три европски натпреварувања и дека бројот на клубови ќе биде зголемен.

Ањели и асицијацијата на европски клубови, не сакаа да откриваат детали, но ова сигурно ќе биде најголемата промена во европскиот фудбал во деценијата, ќе потсетиме во 2009 година беше укинат Интертото купот.

Кон крајот на август „Билд“ пишуваше дека ЛЕ ќе биде намалена од 48 на 32 клубови со цел акцент да се стави на квалитетот и да се привлечат нови спонзори, додека третото натпреварување би било за помалите клубови кои така би добиле шанса да играат во Европа.

„Дадено е зелено светло, од 2021 година ќе имаме три европски натпреварувања“, потврди Ањели.

Како што споменавме детали не се соопштени, но наводно ова натпреварување ќе брои 32 клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Земи или остави“: Перез ја изгуби трпеливоста и лично го контактираше Винисиус

Во Реал Мадрид почнуваат да ја губат трпеливоста кога станува збор за продолжувањето на до…