Дома Фудбал Репрезентации Видео: Жиру и донесе победа на Франција

Видео: Жиру и донесе победа на Франција

Репрезентациите на Франција и Холандија одиграа фантастичен натпревар во Лигата на нации, а на крајот трите бода ги освоија „триколорите“.

Херој за Французите овој пат беше Оливие Жиру кој го прекина голгетерскиот пост токму кога беше најпотребно.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Светскиот шампион одлично го отвори натпреварот и поведе со голот на Килијан Мбапе, но „лалињата“ се вратија во 67-та минута кога една одлична акција со гол ја заврши Рајан Бабел.

Меѓутоа, осум минути подоцна Оливие Жиру погоди за конечни 2:1 и првите три бода за Франција во Лигата на нации.

Во нашата група Лихтенштајн беше подобар од Гибралтар со 2:0, додека во Групата Ц Словенија го запиша вториот пораз, овој пат на гостувањето кај Кипар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ќе гледаме еден поинаков Реал: Алонсо подготвува историска промена во Мадрид!

Во текот на наредните денови, Чаби Алонсо официјално ќе стане тренер на Реал Мадрид, почну…