Финалето на Купот на Кралот сигурно нема да биде одиграно на „Сантиаго Бернабеу“ бидејќи Реал Мадрид не сака да слушне за такво нешто.
Барселона и Алавеш обезбедија пласман во големото финале кое ќе се одигра на 27-ми мај, а дополнително треба да биде одлучено на кој стадион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако двата клуба сакаат тоа да биде Мадрид, односно „Сантиаго Бернабеу“, Реал не сака ништо да препушти на случајот и да дозволи Каталонците да се радуваат во нивниот дом.
„Нема шанси финалето да се игра на Сантиаго Бернабеу, бидејќи тогаш на нашиот стадион ќе се извршува реконструкција“, јасен беше Флорентино Перез.
Барселона е бранител на трофејот откако минатата сезона после продолженија ја победи Севиња на „Винсенте Калдерон“.