Дома Македонски спорт Спортот не познава граници: Фотографија од македонски терен ставена во учебник за 7-мо одделение во Бразил!

Спортот не познава граници: Фотографија од македонски терен ставена во учебник за 7-мо одделение во Бразил!

Фотографијата од импровизиран македонски фудбалски терен, направена во Богородица се најде на официјалниот учебник за Физичко образование за 7-мо одделение во Бразил.

Министерството за образование на Пернамбуко –Бразил, фотографијата ја искористило на 18-та страна од учебникот, притоа со фуснота појасниле дека станува збор за терен во Богородица – Македонија.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„На фотографијата е стадионот во Богородица ,фотографиран од мене во зимата 2009-та година“, ни потврди авторот Јован Атанасов.

Бразил е лулката на фудбалот и интересно е тоа што ја одбрале баш сликата од Македонија. Пернамбуко е република во Бразил која брои 9 милиони жители и најпознат е градот Ресифе во кој се играа и некој од натпреварите од Светското Првенство.

Притоа, во појаснувањето на фотографиата во фуснотата стои нашето уставно име, Богородица – Република Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…