Дома Фудбал Англија Видео: Перфектен старт за Челзи, три од три за „сините“

Видео: Перфектен старт за Челзи, три од три за „сините“

Тимот на Челзи избори нова, но заслужена победа на гостувањето кај Њукасл со 2:1 и има перфектен старт од три победи во првите три кола.

Челзи беше подобар противник во првото полувреме, создаде неколку изгледни шанси, но не успеа да постигне гол. Од друга страна домаќините се определија за дефанзивна тактика и игра на контранапади.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Второто полувреме донесе иста слика, „сините“ напаѓаа, а тимот на Бенитез се бранеше. Во 77-та минута судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Азар.

Њукасл успеа да се врати во дуелот со гол во 83-та минута преку Жоселу, што беше практично и прва шанса за домаќините. Меѓутоа, гостите од Лондон дојдоа до победата на две минути пред крајот кога шутот од Алонсо во автогол го претвори Де Андре Јелдин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уште еден играч на Ливерпул ја напушти турнејата во Азија, позната и причината

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, наводно ја напуштил предсезонската турнеја на клубот н…