Дома Фудбал Англија Хенес: Озил е производ на добар маркетинг

Хенес: Озил е производ на добар маркетинг

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, уште еднаш го искритикува Месут Озил тврдејќи дека е лош фудбалер со добар маркетинг.

Првиот човек на баварскиот клуб, Ули Хенес неодамна го искажа своето мислење по повлекувањето на Озил од националниот тим.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Заминувањето на Озил од германската репрезентација е добра работа. Тој со години беше како дух“, изјави неодамна Хенес, а сега повторно се осврна на Озил.

„Го следам долго време и можам да кажам дека е добро покриен маркетиншки. За него е создадена слика многу подобра отколку што навистина е. Се чудам како е капитен во Арсенал. Доколку германскиот селектор Јоаким Лев барем еднаш отидеше до Лондон да види како игра, сигурен сум дека немаше да го повика за Мундијалот во Русија“, изјави Хенес.

Месут Озил кариерата ја почна во Шалке, потоа играше за Вердер и Реал Мадрид, а од 2013 година е во Арсенал.

За сениорската репрезентација на Германија настапуваше од 2009 до оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаос во Црна Гора: Хулигани нападнале хрватски навивачи, им го искршиле комбето! (Фото)

Хрватски навивачи кои синоќа беа на пат кон Црна Гора, каде што нивната фудбалска репрезен…