Поранешниот германски репрезентативец, Месут Озил објави дека ја завршува професионалната фудбалска кариера.
Преку социјалните мрежи, Озил објави дека става крај на богатата фудбалска кариера во која го носеше дресот на: Шалке, Вердер Бремен, Реал Мадрид, Арсенал, Фенербахче и Башакшехир.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во своето обраќање Озил се заблагодари на семејството, пријателите и на сите кои го поддржуваа во текот на неговата 17-годишна кариера.
Како заклучок, тој додаде дека сега ќе се посвети на семејството и ќе ужива со сопругата Амина и ќерките Ед и Ела.
Озил кариерата ја започна во Шалке, а првиот поголем трансфер го направи во 2008 година во Вердер Бремен за пет милиони евра.
Откако експлодираше на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, Реал Мадрид го доведе за 18 милиони евра.
Под водство на Жозе Мурињо, во следните три сезони Озил беше една од најдобрите „десетки“ на светот. За Реал одигра 159 натпревари, постигна 27 гола и забележа неверојатни 81 асистенција. Сепак, со доаѓањето на Карло Анчелоти, го загуби местото во тимот, а тоа го искористи Арсенал кој го доведе за 47 милиони евра во 2013 година.
Продолжи Озил да блеска и во Арсенал, одигра 254 натпревари, постигна 44 гола и додаде 79 асистенции. Сепак, во последните две сезони не беше на своето ниво, па целосно падна во втор план.
По седум и пол години го раскина договорот со Арсенал и како слободен играч замина во Фенербахче.
Ниту таму не се докажа, следуваше нов слободен трансфер во Башакшехир во летото 2022 година, но повредите го направија своето и Озил денеска реши да се повлече.
Не треба да заборавиме дека со германскиот тим стана светски шампион во 2014 година, а нема дилема дека е еден од најголемите играчи на својата генерација…
Thank you ❤️ pic.twitter.com/Aqr4pB5SI2
— Mesut Özil (@M10) March 22, 2023