Дома Фудбал Англија Мурињо до Гвардиола: Во Англија не можеш да ја купиш титулата!

Мурињо до Гвардиола: Во Англија не можеш да ја купиш титулата!

Од поодамна е познато ривалството помеѓу Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола, а оваа сезона на двајата тренери не им „цветаат рози“ во Премиер лигата.

„Специјалниот“ на свој начин го прокоментира доаѓањето на Гвардиола во Премиер лигата и му порача дека тука „титулата не може да се купи“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„За него ова е нов фудбал, ова не е Германија. Таму Баерн ја освојува титулата така што го купува најдобриот фудбалер од Борусија. Првата година го купија Гетце, потоа Левандовски, па Хумелс. Дали мислите дека јас можам да ги купам двата најдобри фудбалери на Тотенхем и да го убијам нивниот клуб? Секако дека не. Исто така, не можам да купам играчи ниту од Арсенал, или Челзи“, порача Мурињо.

„Завршија времињата кога станувате шампион со напад на директните ривали. Ако доведете играч од противничкиот клуб, тогаш можете да го доведете само тој играч кој што нема да го сака клубот“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи со официјална понуда за Дарвин Нуњез

Наполи не се откажува од намерата да го привлече напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, иако…