Дома Трансфер зона Не може повеќе да го гледа: Мурињо му зададе конечен удар на Марсијал

Не може повеќе да го гледа: Мурињо му зададе конечен удар на Марсијал

Францускиот напаѓач Антони Марсијал ќе го напушти Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок и тоа по барање на тренерот Жозе Мурињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат англиските медиуми, Мурињо одлучил дека Марсијал повеќе не му е потребен и му порачал на раководството да се обидат да го продадат до крајот на август.

Потсетуваме, неколку месеци се шпекулира дека за неговите услиги се заинтересирани ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен, па се чини дека заинтересираните клубови сега полесно ќе можат да дојдат до Французинот.

Марсијал се наоѓа во немилост на Мурињо, па и самиот фудбалер не е задоволен од својот статус и сака да го напушти „Олд Трафорд“.

Тој во Манчестер Јунајтед пристигна во 2015 година за 60 милиони фунти, а проблем е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната, па заинетресираните клубови можат да го донесат без обештетување во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…