Дома Фудбал Англија Видео: Челзи се поблиску до титулата!

Видео: Челзи се поблиску до титулата!

Фудбалерите на Челзи направија чекор напред до освојување на шампионската титула, откако во дербито на 24-то коло го победија Арсенал на „Стенфорд Бриџ“ со 3:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот гол на „Стенфорд Бриџ“ го постигна Маркос Алонсо во 13 минута. Крилниот играч на Челзи, најдобро ја испрати акцијата на Педро и Диего Коста чии удар заврши во гредата, а потоа тој го доби воздушниот дуел со Бељерин. Арсенал, во финишот на полувремето имаше можност да израмни, но ударот на Габриел од осум метри го одбрани Куртоа.

Челзи по првиот дел имаше минимална предност, а во второто полувреме, во 53-та минута, магијата на Азар ја дуплира предноста на лидерот. Белгиецот од средината на игралиштето започна соло акција која ја заврши со гол, притоа минувајќи ја комплетната одбрана на Арсенал.

Победникот го реши поранешниот играч и капитен на Арсенал, Цеск Фабрегас во 85-та минута, кога рутински во гол го претвори подарокот кој го доби од голманот Чех. Во првата минута од судиското надополнување на времето Жиру го постига почесниот гол за Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…