Италијанските и англиските медиуми тврдат дека Роберто Манчини ќе го замени Славен Билиќ на клупата на Вест Хем.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Славен Билиќ се наоѓа пред отказ поради слабите резултати оваа сезона, а чашата ја прели високиот пораз од Манчестер Сити на домашен терен со 0:4.
Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на клубот веќе остварило контакт со Роберто Манчини, а италијанскиот тренер дал начелна согласност да седне на кормилото.
Манчини е без работа откако на почетокот на сеозната замина од Интер. Според истиот извор Билиќ ќе добие отказ доколку викендов загуби од Саутемптон, а Вест Хем ќе го назначи Манчини за нов тренер на екипата од источен Лондон.