Дома Фудбал Касиљас: Свирежите за Роналдо се лудост!

Касиљас: Свирежите за Роналдо се лудост!

Поранешниот капитен и легенда на Реал Мадрид, Икер Касиљас смета дека свирежите на навивачите кон Кристиано Роналдо се вистинска лудост.

Роналдо ја освои „Златната топка“ за 2016 година, со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампиони, но навивачите често го исвиркуваат поради славите изданија.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Роналдо е заедно со Меси најдобар на светот. Има голема одговорност, но искрено јас како Мадридиста не ги разбирам фановите. Пред шест месеци беа шамиони на Европа, пред еден месец шампиони на светот. Вистинско лудило е да му свират на Роналдо. Треба да му помогнат“, смета Касиљас.

Поддршка на Роналдо му даде и актуелниот голман на Реал Мадрид, Кејлор Навас.

„Роналдо ги сака сите фанови на Реал Мадрид и не му е сеедно кога го свиркаат. Го боли кога слуша свирежи и извици против него, но исто така и знае дека фановите ни даваат поддрошка. Тој секогаш дава се од себе и му помага на тимот“, истакна Навас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го сака дефанзивецот на Челзи

Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис…