Дома Фудбал Англија Сензација на „Енфилд“: Ливерпул елиминиран од Вулверхемптон

Сензација на „Енфилд“: Ливерпул елиминиран од Вулверхемптон

Фудбалерите на Вулверхемптон направија мала сензација со елиминацијата на Ливерпул во четвртото коло во ФА купот, откако славеа на „Енфилд“ со 2:1.

По поразите од Свонси во првенството и Саутемптон во полуфиналниот реванш во Лига купот, Ливерпул загуби уште еден меч на домашен терен. Прв пат во ерата на Клоп Ливерпул има низа од три порази.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Вулверхемптон на „Енфилд“одигра тактички беспрекорно, цврсто на средината и во одбраната, не му дозволи на Ливерпул да развие игра. Во нападот гостите беа исклучително опасни во контранападите.

По првите 45 минути гостите стекнаа предност од два гола, Стирман во првата и Вајман во 41-та минута беа стрелци на головите. Ливерпул успеа да намали во 86-та минута преку Ориги, но со исклучок на голот неговите играчи не направија конкретна шанса на овој меч.


,, by ReplayFootCom

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тер Штеген уште повеќе ги налути навивачите – за својот кикс ги обвини и соиграчите!

Чуварот на мрежата на Арсенал, Марк Андре Тер Штеген е најкритикуваниот по вчерашниот пора…