Дома Фудбал Видео: Реал се прости од Купот!

Видео: Реал се прости од Купот!

Селта и Атлетико Мадрид му се приклучија на Алавес во полуфиналето во Купот на Кралот. Реал Мадрид одигра 2:2 против Селта и го завршија своето учество во Купот за оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал се обиде, во Виго, да го надомести загубеното во првиот меч, но домаќинот успеа да го издржи силниот притисок на гостинот. Роналдо можеби ја имаше шансата на мечот во 26.минута, кога резултатот беше 0:0, но во иста акција два пати ја погодуваше рамката на голот.

Селта прва постигна гол и тоа во самиот финиш на полувремето, кога Данило помалку несмасно си постигна авто-гол. Реал израмни во вториот дел со голот на Роналдо од слободен удар. Потоа предноста на Селта и ја врати Вас во 85-та минута, а Лукас Васкез во последната минута ги постави конечните 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Веќе почна: Горат дресовите на Алварез во Мадрид (Видео)

Најкраткиот пат од љубов до омраза може да се види во случајот на Хулијан Алварез во Мадри…