Дома Фудбал Останато Дали Гигс погоди во метата? Легендата на Јунајтед знае зошто Роналдо си замина

Дали Гигс погоди во метата? Легендата на Јунајтед знае зошто Роналдо си замина

Овие денови од познатите поранешни или сегашни фудбалери се бара да се прокоментира трансферот кој го потресе светот – транферот на Роналдо од Реал во Јувентус.

Еден од оние кои зборуваа на оваа тема е и легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и поранешен соиграч на Роналдо, Рајан Гигс. Тој смета дека Роналдо си замина во Јувентус затоа што сака да стане подобар од Меси.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Изненаден сум што го напушти Реал и си замина во Италија. Тоа ќе биде нов предизвик за Роналдо, но си оди во голем клуб. Замислете каво сиви сега има – Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус. Тој е опседнат со тоа да биде подобар од Меси. Тој размислува: „Го направив тоа во Англија, успеав во Шпанија, сега и во Италија. Освен тоа, имам успех и со Португалија“. Можеби тоа ќе му биде добар аргумент кога ќе го прашаат дали навистина е подобар од Меси“, изјави Гигс.

Можеби легендарниот Велшанец на вистински начин го прокоментира потегот на Роналдо. Додека многумина бараат различни објаснувања за трансферот, изгледа дека ова е најлогичното.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…