Дома Фудбал Англија Рут Гулит: Погба во Јунајтед ќе заврши како Депај!

Рут Гулит: Погба во Јунајтед ќе заврши како Депај!

Легендата на Милан и холандскиот фудбал, Рут Гулит даде интересна изјава за англиските медиуми поврзана за најскапиот фудбалер на планетата, Пол Погба.

Гулит смета дека Французинот во Манчестер Јунајтед ќе ја доживее истата судбина како Мемфис Депај, кој на „Олд Трафорд“ пристигна како големо засилување, но пред неколку денови ја напушти Англија и потпиша за Лион.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Моментално Погба минува низ истите проблеми кои ги имаше Депај. Можеби е најскапиот фудбалер во светот, но тоа ништо не значи доколку повеќе време троши на стилот на облекување, бојата на коста или пак социјалните медиуми. Пол треба да учи од Мемфис, за кратко време ќе сфати дека да се успее во Англија и да се достигне врвот е можно само доколку секоја недела играш на високо ниво и доколку максимално и се посветиш на кариерата”, истакна Гулит.

„Депај беше остро критикуван поради тоа што повеќе се грижеше за својот имиџ наместо за тоа да се подобри на теренот. И Погба ќе го навлече гневот на фановите. Луѓето ќе почнат да се жалат и да го критикуваат“, смета Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луис Енрике го „пецна“ Мбапе: Сега имаме подобар тим

Тренерот на Пари Сент Жермен, Луис Енрике, по синоќешната победата над Џирона го спореди н…