Дома Фудбал Останато Испрати порака до играчите на Англија: Бекам не сака да загуби од Ибрахимовиќ

Испрати порака до играчите на Англија: Бекам не сака да загуби од Ибрахимовиќ

Ибрахимовиќ и Бекам синоќа на Инстаграм направија интересна опклада пред денешниот натпревар помеѓу Шведска и Англија во четвртфиналето на Светското првенсво.

Ибрахимовиќ прв се огласи на оваа друштвена мрежа и му предложи на Бекам да се опкладат, односно дека Бекам ќе го одведе на вечера во било кој дел од светот, додека тој треба да му купи нешто ново за новата вила во Лос Анџелес.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Бекам се согласи на овој предизвик од страна на поранешниот репрезентативец на Шведска, но внесе мали промени. Имено, во случај Англија да победи, Ибра ќе мора да влезе на „Вембли“ и да ги бодри Англичаните во дресот на оваа селекција, што Швеѓанецот се согласи.

Пред почетокот на натпреварот Бекам одлучи да испрати порака до Англичаните и да им каже дека мораат да победат по секоја цена.

„Ве молам да победите, не сакам да го водам овој човек и да му купам што и да сака за новата вила“, напиша Бекс преку Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Снимка од жестоката тепачка во српскиот фудбал – еден од учесниците нокаутиран, претепана и жена (Видео)

Српскиот фудбал вчера беше една од главните теми во регионот, за жал, ќе се запомни по лош…