Репрезентацијата на Италија по шест децении не ја гледаме на Светско првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Азурите во плејофот за пласман на Мундијалот испаднаа од селекцијата на Шведска, а новиот селектор на Италијанците, Роберто Манчини тврди дека никој, освен Бразил на ова првенство не е подобар од неговиот тим.
„Судејќи според натпреварите кои ги гледав до сега, освен Бразил, не видов репрезентација која е подобра од нас. Кого и да сретнам од Италијанците, убеден е дека можевме многу во Русија, особено кога ќе видиме какви тимови играат таму. Го делам истото мислење. Разочарување е да гледаме СП без Италија. Сепак, не е се така негативно. Не сме на ова СП, но отворивме нова група на играчи со кои можеме многу во иднина“, изјави Манчини.
Овој стратег очигледно има големи амбиции со Азурите, а дали ќе ги постигне, останува да видиме…