Репрезентацијата на Аргентина уште еднаш на неславен начин го заврши своето натпреварување на Светското првенство.
Аргентина во Русија пристигна со големи очекувања и со надеж дека конечно ќе дојдат до титулата шампион на светот. Сепак, по очајните игри во групната фаза Аргентина испадна уште во осмина финалето, откако загуби од Франција (4:3).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во аргентинските медиуми се крена голема бура околу случувањата на Светското првенство, а најмногу на удар беше селекторот Сампаоли. Тој доби најмногу критики поради составот кој го одведе на СП, но и начинот на кој ги избираше составите за натпреварите во Русија.
Дебаклот од трибините го следеше и легендарниот Марадона, кој до последниот атом ги бодреше Гаучосите. Марадона по тоа изјави дека е подготвен да се врати на клупата на Аргентина и да им го донесе на екипата преродувањето кое го очекуваат.
„Подготвен сум да се вратам да бидам селектор и навистина сакам тоа да се случи. Доколку некој ме повика од сојузот на Аргентина, подготвен сум да работам и бесплатно. Не ми треба никаква плата“, изјави Марадона.