Дома Фудбал Англија Се надевам дека некој ќе го купи, бидејќи залудно фрламе пари за неговата плата

Се надевам дека некој ќе го купи, бидејќи залудно фрламе пари за неговата плата

Аднан Јанузај важеше за еден од најголемите светски таленти, како таков доби шанса во првиот тим на Манчестер Јунајтед кај Дејвид Мојс, но сега „исчезна“.

21-годишното момче кое во репрезентација го сакаа Хрватска, Босна и Косово, но тој се одлучи за Белгија бидејќи е роден во Брисел моментално е на позајмица и светлосни години далеку од дресот на Јунајтед.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Моментално е во Сандерленд, на крајот на сезоната треба да се врати во Јунајтед, но тешко дека за него има место на „Олд Трафорд“. Сега дури и челниците на клубот се свесни дека погрешија минатото лето кога не сакаа да го продадат за 15 милиони фунти.

„Клубот сега бара многу помалку пари отколку минатото лето за Јанузај, спремни сме да го пуштиме за помалку од 10 милиони фунти. Тој и понатаму има плата од 50.000 фунти неделно во Јунајтед, а тоа е фрлање пари! Се надеваме дека некој клуб ќе биде заинтересиран да го купи седното лето“, истакна Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…