Чуда се можни, ги гледавме и претходно на Мундијалите.
Вчера Португалците и Шпанците забележаа минимални победи против Мароко и Иран, многу потешко од очекуваното бидејќи аутсајдерите прикажаа голема борбеност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Што доколку во последното коло во групата Б видиме два шокантни резултати – Иран да ја победи Португалија со 1:0, а Мароко да ја изненади Шпанија со ист резултат?
Тогаш за пласманот во групата Б ќе одлучуваат – бројот на жолтите и црвените картони!
Имено, во тој случај Иран би бил прв со шест бодови, додека Шпанија и Португалија би биле изедначени со по четири поени. Двете репрезентации од Пиринеите вотој случај би имале гол разлика од 4:4 и нерешен меѓусебен дуел (3:3).
Пет главни критериуми одлучуваат во рангирањето на клубовите: Бројот на бодови, гол разликата, постигнатите голови, меѓусебниот исход и гол разликата од меѓусебниот исход.
Тука доаѓаме до последниот – картоните!
Жолтите се бодуваат со – 1 поен,ццрвниот преку два жолти -3, а директен црвен со -5.
Португалците во овој момент „водат“ со 2:1 во картоните, но јасно дека и тука би можело да биде изедначено, па во тој случај вториот патник од оваа група би бил одлучен преку ждреб.