Македонскиот шампион, екипата на Шкендија имаше среќа во денешниот ждреб и доби лесен противник во квалификациите за Лигата на шампиони.
Имено, тетовскиот клуб за противник ја доби екипата на Њу Сеинтс од Велс, а можеше да добие и некој од АПОЕЛ (Кипар), Карабах (Азербејџан), Шериф (Молдавија) и Видеотон (Унгарија) кои важат за потешки противници.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првиот натпревар Шкендија ќе го игра на домашен терен, а реваншот во Велс. Првите натпревари од првото квалификациско коло се играат на 10 и 11 јули, реваншите се на 17 и 18 јули.