Како што потврди и Славен Билиќ, Димитри Паје одбивал да игра за екипата на Вест Хем затоа што сакал да го напушти клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми пренесуваат дека управата на Вест Хем не само што одбива да го продаде Французинот, туку донела одлука да го казни и тоа со 250 илјади фунти затоа што не сакал да игра за клубот.
Сосема е јасно дека ситуацијата кога се во прашање односите помеѓу Вест Хем и Паје се доста лоши, а Вест Хем лесно може да му го загорчи живот на Паје со тоа што ќе одбие да го продаде во јануарскиот преоден рок и во меѓувреме ќе го седне на клупата за резервни фудбалери.