Дома Луд Спорт Видео: Лудиот Томас Милер ја насмеа цела Германија!

Видео: Лудиот Томас Милер ја насмеа цела Германија!

Томас Милер е познат по своите шеги и дефинитивно е најзабавниот фудбалер на Баерн Минхен, и со последниот свој потег само го потврди тоа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Враќајќи се од подготовките во Катар, фудбалерите на Баерн беа дочекани на аеродромот во Минхен од домашните новинари. Но, Милер смисли генијална идеја како да го избегне новинарските прашања.

Додека излегуваше од терминалот, тој го стави пасошот на уво, глумејќи дека зборува на телефон и само им намигна на новинарите, не престанувајќи да ја игра својата улога.

Ова успеаа да го забележат дел од присутните, но најважно е тоа што Милер изнуди само насмевки, но не и прашања што во ситуацијата му беше главна цел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…