Англискиот шампион Манчестер Сити денеска го претстави новиот дрес за следната сезона во која ќе се обиде да ја одбрани титулата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интересно е тоа што на „Етихад“ не се одлучиле за некои знајачјни промени, па новиот дрес е речиси идентичен со претходниот со неколку нови детали, само за да не биде сосема ист.
Новиот домашен дрес на Манчестер Сити навистина изгледа убаво и доби многу позитивни коментари, меѓутоа многумина сметаат дека требало да се додаде повеќе нови детали.
Дресовите својата премиера ќе ја имаат вечерва на натпреварот против Брајтон, каде што „Граѓаните“ за оваа сезона ќе се збогуваат со „Етихад“.

