Дома Фудбал Англија Кога е опстанокот во прашање – се е дозволено: Дали од Свонси „измислија“ вирус во хотелот?

Кога е опстанокот во прашање – се е дозволено: Дали од Свонси „измислија“ вирус во хотелот?

Завршницата во Премиер лигата е возбудлива, не само кога станува збор за борбата во Лигата на Шампионите, туку и опстанокот.

Имено, вечерва во одложениот натпревар играат Свонси и Саутемптон, двата тима имаат по 33 бода, тогаш тоа би можело да одлучи и уште еден патник во понискиот ранг, а Велшанците имаат полоша гол разлика. Но, играат дома, па гостите ги обвинуваат дека користат валкани трикови.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Имено, хотелот „Мериот“ во Свонси кој е блиску до стадионот откажа резервација од 40 соби на Саутемптон, а објаснувањето е неразбирливо, мистериозен вирус во хотелот, некои гости се разболеле и тие нема да издаваат соби. Саутемптон бараше сам да се убеди, но хотелот тоа го одби.

Поради тоа, тие мораат да се сместат надвор од Свонси, па наместо два часа пред вечерашниот натпревар, ќе тргнат четири часа порано од другиот хотел кој е многу подалеку, а ги очекува и метеж во сообраќајот. Марк Хјуз е лут поради ова, смета дека станува збор за валкан трик.

Завршницата ќе ја видиме вечерва, во последното коло Свонси го пречекува Стоук кој веќе испадна, додека Саутемптон ќе игра против шампионот Сити дома, но Гвардиола на тој натпревар ќе изведе шарен тим, па во Саутемптон се надеваат дека ако не загубат вечерва, против Сити можат со победа да останат во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…