Арсен Венгер денеска ќе го одигра последниот натпревар против долгогодишниот ривал Манчестер Јунајтед, бидејќи на лето го напушта клубот од Северен Лондон.
Пред да си замине за Манчестер, тимскиот автобус на Арсенал бил погрешно паркиран, па возачот си добил „честитка“. Со жолтата налепница на предното стакло било јасно дека пристигнала казна, но она што е вистина е дека ова е нешто што ниту малку не би го нарушила буџетот на овој познат клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Арсенал е казнет со 60 фунти за несоодветно паркирање, па би било лудо да се зборува за тоа дека оваа казна може да се смета за загрижувачка.