Дома Фудбал Англија Дали следниот пенал за Сити ќе го изведе голман?

Дали следниот пенал за Сити ќе го изведе голман?

Познато е дека Пеп Гвардиола обожава во својот тим да има голман кој е добро технички поткован, така беше во Барселона и во Баерн Минхен.

Токму поради тие причини во Сити го донесе Клаудио Браво, но и младиот бразилски голман Едерсон, за кого плати 50 милиони евра.


„Би сакал да постигнам гол до крајот на сезоната. Многу добро изведувам пенали и доколку Гвардиола ме избере да го изведам следниот, би бил пресреќен“, изјави голманот Едерсон.

На негова жалост, Гвардиола денес потврди дека пеналот нема да го изведе голманот.

„Од почит према противникот, нема да му дозволам на Едерсон да го изведе пеналот доколку го има“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нова катастрофа за Постекоглу пред финалето на Лига Европа

Фудбалерот на Тотенхем Дејан Кулушевски нема да игра во финалето на Лига Европа против Ман…