Дома Фудбал Останато Видео: Лудо финале, групна тепачка и 5 црвени картони!

Видео: Лудо финале, групна тепачка и 5 црвени картони!

Фудбалерите на Тигрес ја освоија титулата во мексиканската Апертура, добивајќи го финалниот двомеч против големиот ривал Клуб Америка.

Тигрес дојде до овој успех во епски меч, дури по изведувањето на пенали, бидејќи во регуларниот дел не се тресеа мрежите, а во продолженијата по еднаш стрелаа Дуењас и Алварез.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа средбата ќе биде запаметена по петте црвени картони. Најпрвин Тигрес остана со човек помалку поради исклучувањето на Хорхе Торес, а потоа во 102 минута Клуб Америка остана без Рубенс Самбуеза, кој доби црвен картон, што предизвика масовна тепачка на теренот.

Во пенал серијата играчите на Тигрес реализира три (Жињак, Жунињо, Пизаро), а нивните противници ниту еден пенал (Да Силва, Ромеро, Гомес).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …