Дома Топ вести Шпанците тврдат: Манчестер Јунајтед го нуди Де Геа за Ронадо!?

Шпанците тврдат: Манчестер Јунајтед го нуди Де Геа за Ронадо!?

Манчестер Јунајтед наводно сака да го врати Кристиано Роналдо на „Олд Трафорд“, а за услугите на Португалецот е спремен да го понуди голманот Давид де Геа.

Роналдо во 2009 година ги напушти „црвените ѓаволи“ и во трансфер вреден 94 милиони евра се пресели во Реал Мадрид. Сепак, Јунајтед сака повторно да го врати Португалецот во своите редови, а „Дон Балон“ тврди дека спремиле интересна понуда.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Имено, Јунајтед за Роналдо е спремен да го понуди голманот Де Геа, кој веќе неколку години се поврзува со „кралскиот“ клуб. Притоа, за најдобриот фудбалер на светот „црвените ѓаволи“ се спремни да платат и додатни 35 милиони фунти.

Де Геа веќе седум години е член на Манчестер Јунајтед, но англиските медиуми неодамна пренесоа дека побарал трансфер.

Сепак, ваквата трампа во моментов делува нереално, но се погласни се шпекулациите дека Роналдо повторно можеме да го видиме во црвениот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пеколна нокаут фаза: Шпанија, Франција, Германија и Португалија од иста страна

Веќе е при крај групната фаза на Европското првенство и полека се право костурот за нокау …