Дома Останати Ракомет Дарко Станиќ: Имав понуда од Вардар, кокаинот беше моја грешка

Дарко Станиќ: Имав понуда од Вардар, кокаинот беше моја грешка

Поранешниот голман на тимот на Металург, Дарко Станиќ во интервју за српски „Aло.Рс“ помеѓу другото зборуваше и за како што вели неговата најголема грешка во животот – кокаинот.

Дарко Станиќ откри дека при напуштањето на Металург имал понуда и од Вардар, но сепак тој се одлучил да ја прифати понудата и од Министерството на спорт и млади на Србија каде што и денес работи како државен секретар.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Имав сериозна понуда од Вардар, но проценив дека повеќе не можам да бидам оној стариот. Тоа себе си не можев да си го дозволам. Не сакав да одам некаде и да не бидат најдобрата верзија на Дарко Станиќ“ – зборуваше Станиќ.

Потоа новинарите го запрашаа Станиќ за неговата двегодишна суспензија поради користењето кокаин.

„Немам проблем да зборувам за било што. Тоа беше дел од мојот живот. Нема човек кој е совршен и кој не направил грешка. Важно е да учиме на тие греши. За мене како јавна личност таа грешка беше многу потешка, одговорноста беше многу поголема. Но за мене тоа беше само уште еден предизвик. Во таква тешка ситуација сакав да им покажам на луѓето дека од секоја ситуација во животот има излез и можност да станете подобри“, изјави Станиќ.

Комплетното интервју на Дарко Станиќ можете да го прочитате ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Поранешен селектор на Босна нов тренер на Тиквеш

Поранешниот босански селектор, Драган Марковиќ е назначен за нов тренер на Тиквеш. Маркови…