Како што пренесува, „Мундо Депортиво“, ново име се појави на посакуванта листа на претседателот на кралскиот клуб.
Реал Мадрид веќе подолг временски период бара голман, кој ќе го наследи Кејлор Навас и кој меѓу стативите на „Бернабеу“ ќе стои долга низа години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не е тајна дека првата желба на Флорентино Перез е голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа, но во последно време станува се појасно дека на „Олд Трафорд“ за ниту една цена нема да го пуштат фантастичниот Шпанец.
Покрај некогашниот голман на мадридски Атлетико, често како потенцијално засилување на Реал се споменува и Тибо Куртоа, но многумина се запрашаа дали Белгиецот навистина поседува квалитет по синоќешната катастрофална партија против Барселона, која впрочем е најголемиот ривал во шпанското првенство на Кралевите.
Па така, во прв план, барем според пишувањата на споменатиот медиум излезе талентираниот голмн на италијанска Рома, Алисон Бекер.