Дома Македонски спорт Мак ракомет Червар објасни зошто ги изостави Борко и Јоноски за Светското првенство!

Червар објасни зошто ги изостави Борко и Јоноски за Светското првенство!

Тренерот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар говореше за поширокиот список на играчи кои ќе се борат да играат на Светското првенство кое во 2017 година ќе се игра во Франција.

На големо изненадување, хрватскиот стратег од списокот ги изостави, Ацо Јоноски и Борко Ристовски, едни од главните првотимци во репрезентацијата во изминатите години. Наместо Борко, за место на СП ќе се борат Кирил Колев, Никола Митревски, Благојче Трајковски и Даниел Ѓорѓески.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Работиме на еден копцепт на развој на машкиот ракомет. СП 2017 е нов пат за нас, мораме да имаме визија за нашата цел. Само со промена се доаѓа до успех. Борко направи убава кариера, бранеше во Левен, сега е во Барселона и има постигнато многу со македонската репрезентација. Мислам дека тој е меѓу оние кои се емотционално истрошени и тоа беше моја одлука“, истакна Червар.

„Нема ништо лично. Јоноски беше дел од таа плитка зона, одбрана 6-0 која репрезентацијата ја играше цела деценија и тој беше столб на таа одбрана. Сега ќе играме подлабока одбрана, 3-2-1 или 5-1 и тоа ќе се менува во насока на тоа да ја забрзаме нашата игра и да бидеме поопасни од контранапади. Ако треба да менуваме тројца играчи во таа игра, би биле во понеповална позиција. Кога ќе играме 7-6 очекувам во напад Лазаров да игра на средина за да може брзо да се врати и да се смени со голманот“, додаде хрватскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…