Дома Трансфер зона Де Геа наскоро потпишува нов договор, Шпанците тврдат: Поставена е неговата цена!

Де Геа наскоро потпишува нов договор, Шпанците тврдат: Поставена е неговата цена!

Еден од најдобрите голмани во светот, Давид Де Геа наскоро ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.

Актуелниот договор на Шпанецот истекува по 18 месеци, а „црвените ѓаволи“ му понудија нов договор до 2021 година. Според новиот договор 27-годишниот голман ќе добива 220.000 фунти неделно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од друга страна пак шпанска „Марка“ тврди дека Манчестер Јунајтед независно од договорот веќе ја поставил цената на Де Геа која изнесува 100 милиони евра.

Познато е дека Де Геа е најголема трансфер желба на Реал Мадрид, па останува да видиме дали „кралевите“ се спремни да ја платат таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…