Дома Фудбал Перез не го сака јануари: Реал со само три зимни трансфери во негово време!

Перез не го сака јануари: Реал со само три зимни трансфери во негово време!

Јануарскиот трансфер прозорец се затвора на полноќ, а фановите на Реал Мадрид до последно ќе се надеваат за Маури Икарди, меѓутоа историјата не е на нивна страна.

Откако Флорентино Перез по втор пат седна на претседателското столче Реал реализирал само три зимски трансефери. Тој се врати летото 2009 година, што значи дека имало вкупно 8 јануарски преодни рокови.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Првиот зимен трансфер беше тој на Емануел Адебајор кој во 2011 година пристигна на позајмица од Манчестер Сити. Напаѓачот постигна 8 гола на 22 меча, но два од нив беа многу важни во четртфиналето од ЛШ против Тотенхем.

Вториот трансфер беше тој на Диего Лопез кој пристигна во 2013 година од Севиља за 3,5 милиони евра. Голманот пристигна поради тешката повреда на Икер Касиљас и остана една и пол сезона на „Сантиаго Бернабеу“.

Во јануари 2015 година Перез плати 15 милиони евра за Лукас Силва од Крузеиро. Бразилецот се уште е во сопственост на „кралевите“, но одигра само 9 натпевари за Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи го избра новиот менаџер

Енцо Мареска ќе биде нов тренер  на Челзи  и ќе го наследи Маурисио Покетино, пр…